броевите владеат со вселената
Ова е страница посветена на учениците и на сите оние кои така се чувствуваат!
Многумина велат дека "математиката е тешка", но запомтете дека самодовербата е првата тајна на успехот. Од сите недостатоци кои треба да ги одстраниме, најлошо е незнаењето. За да се победи незнаењето, потребен е разум. За да се завладее со разумот, потребни се напор и истрајност.
зошто математиката е важна?
Дали знаеме
- Да ја пресметаме новата цена на кошулата ако намалувањето е 20%, а старата цена е 1500 денари?
- Колку ќе не чини 900 гр шунка ако цената е 300 денари по килограм?
- За колку време ќе поиминеме 340 км ако возиме 80 км на час?
- Колку тапети треба да купиме ако просторијата е со големина 3 метри x 4 метри ?
- Колку плочки или паркет треба да купиме ако димензиите на подот се 5m x 4m ?
- Колку боја треба да купиме за боење на ѕидовите на кујната ако бојата е пакувана по 1 литар?
- Да одговориш на Милионер колку минути имаат три дена или како гласи Питагоровата теорема?
- Да одредиш три четвртини од некој материјал или да додадеш две третини вода во смесата.
...
Се што е наброено и уште многу спаѓа во математика од основно училиште. Подоцна, во средно училиште и на факултет, а некои од вас и на својата работа, ќе се запознаат и со посложени делови од математиката. Без нив не би постоело денешното општество. Математиката се наоѓа скоро на секој чекор околу нас.
- Положбата на ТВ сателитите е одредена со математичка формула
- Техниката на компресија на слика за праќање по електронска пошта се заснова на математиката
- Кога во програма за цртање повлечеме крива линија, тогаш компјутерот ја извршува таа наредба со помош на математички равенки
- Осигурителната компанија ја одредува премијата со математички модел
- Математиката е во позадината на изборните закони
- Статистиката се јавува скоро секаде, а таа е гранка на математиката
- Математиката ја има и во врвните спортови
Дали математиката е тешка?
Секој предмет кој не го учиме и не вежбаме редовно ( материјалот се натрупува) е тежок.
Во математиката многу целини се надоврзуваат на претходните. Колку подобро совладуваш било која од нив, помалку тешкотии ќе имаш во следните. Дебелината на учебникот зборува дека програмата е многу опширна и дека немаш време да ичиш некое старо градиво додека на часот се обработува ново. Затоа биди секога во тек и почни со ²низок старт² !
Со редовно учење и вежбање ќе постигнеш квалитетно трајно знаење и вештини. Воедно убаво ќе развиеш некои свои способност
Со повремено учење и вежбање се постигнува привремено знаење. Тогаш наученото брзо се заборава и не се постигнува брзина и добро владеење со градивото кое е потребно во целините кои се следат.
Како што телото со вежбање станува се посилно и поспособно да го направи она што порано не можело, така и умот се вежбање станува се поподвижен и посбособен во совладување на она што порано не можел.
Со занемарување на телесните активности доаѓа до тромост на телото. Со занемарување на умствените активности доаѓа до тромост на умот. Тогаш се ни станува тешко.
Како "да се учи" математика?
- За да ги разбереш поимите, тврдењата и постапките - внимателно слушај на часот, набљудувај, размислувај и поставувај прашања
- За да ги научиш основните поими, теореми и формули - помти и учи напамет
- За да владеешсо постапките - често вежбај и повторувај
- За да знаеш наученото да го примениш во задачи - запиши ја задачата, размислувај, биди точен и проверувај го резултатот
- За да решиш проблемска задача - барај, проверувај, отфрај ги неуспешните обиди, комбинирај, не се откажувај, работи самостојно, но и соработувај
Најважно прашање е : Што ТИ сакаш? КАКО тоа ќе го постигнеш?

Како до добри успеси на тестовите?
Понекогаш е тешко да се остане сталожен и мирен пред и за време на тест. Со оглед на количината на стресот и материјалот, лесно е да се заборават некои основни,но корисни работи. Поради тоа овде имаме некои совети кои ќе ви помогнат да останете смирени на тестот и што подобро да го решите.
8 чекори како подобро да го решите тестот :
1.Пред да почнете да го решавате тестот,прочитајте го целиот тест.
Многу е корисно да се прочита целиот тест. Така подобро се определува тежината на задачите и можете подобро да го организирате даденото време за решавање на тестот.
2.Внимателно бирајте.
Откако го прочитавте целиот тест и ги увидовте задачите,корисно е да одвоите уште некоја минута за да видите кои прашања ги знаете најдобро и на кои прашања можете да дадете најдобар одговор. Брзата проценка и несистематското одговарање може да ве чини оценка.
3.Пред да пишувате убаво размислете за одговорот.
Истражувачите тврдат дека времето вложено во планирањето на одговорот е важен фактор за добар тест. Добар план и добро промислени одговори се добар пат кон добра оцена. Понекогаш е добро да ги потцртате главните зборови во прашањето и бодовите,за да можете подобро да одредите колку време да потрошите за одредено прашање.
4.Прецизни податоци и јасни аргументи.
Добро е да се потсетите и да проверите дали сите аргументи,детали, податоци ( години,имиња и сл. ) се наведени во одговорот. Понекогаш во некои подолги прашања се заборава да се напишат овие клучни елементи.
5.Пишувајте уредно.
Потрудете се вашиот ракопис да биде читлив и уреден. Професорите читаат по стотини тестови. Сигурно не сакате да добиете послаба оценка поради лошо разбирливите одговори.
6.Внимавајте на времето.
Водете сметка за времето бидејќи е многу важно уште на почетокот да одредите колку време ќе потрошите за одредено прашање. Држете се до тој распоред до крајот на тестот.
7.Одговорете на сите прашања.
Ова сигурно звучи многу кратко и јасно, но има многу ученици кои не ги читаат прашањата целосно или пак не ја проверат задната страна од тестот. Со што тоа може да влијае на бодовите и на оценката.
8.Искористете го повторувањето пред тестот.
Сигурно со професорите ќе го повторите материјалот пред тестот. Можеби нема да ги добиете истите прашања како на тестот, но тоа што е научено преку повторувањето и вежбањето е многу корисно. Истот ака се корисни и грешките кои се направени преку вежбањето.
Преземено од BBC Schools –Student Life:
http://www.bbc.co.uk/schools/studentlife/revisionandskills