државна матура
Завршувањето на средното образование кај нас, како и во најголем
број земји во светот, се совпаѓа со полнолетството, а претставува и пресвртница
во животот на младиот човек. По средното образование, тој се вклучува или во пазарот
на трудот или го продолжува своето академско образование на повисоко ниво. Затоа
е потребно средното образование да завршува со комплексен испит кој претставува
завршница на дотогашното образование и е еден вид потврда на способноста на ученикот
за самостојно продолжување на личниот и професионалниот живот.
Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование.
Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.
Државната матура опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача
Воведувањето на вакви испити во средното образование има за цел да го зголеми кредибилитетот на дипломите за завршено средно образование и повратно да влијае на подигање на квалитетот на образованието.
Поконкретно, целите на испитите се:
· подигање на квалитетот на средното образование;
· следење и контрола на реализацијата на наставните програми (засновани на обра- зовни стандарди на државно ниво);
· стекнување диплома за завршено средно образование (заокружување на образо- ванието со испит);
· селекција за универзитетското образование;
· информирање на учениците, родителите и образовните институции за постигањата на учениците добиени преку валидни и веродостојни мерења.
.